Штедните влогови достигнаа 2,9 милијарди евра

Bez autora
Dec 09 2012

За една година заштедите во банките се зголемиле за над 380 милиони евра, информираат од Фондот за осигурување депозити. На крајот на октомври оваа година граѓаните на банкарите им довериле вкупно 179,2 милијарди денари, или над 2,9 милијарди евра, што е за околу 380 милиони евра повеќе од една година претходно. Во структурата на депозитите, денарските средства полека се приближуваат до девизните. Така, ако пред една година соодносот меѓу денарските и девизните заштеди бил 41,3 наспроти 52,7 во корист на странските валути, сега учеството на денарите е зголемено на 47,3 отсто, додека девизни заштеди има 52,7 отсто, покажуваат податоците на Фондот за осигурување на депозитите. Според директорката на Фондот, Нина Настева, и покрај кризата нивото на депозити и натаму се зголемува, иако во последно време со помала динамика од порано.

Штедните влогови достигнаа 2,9 милијарди евраЗа една година заштедите во банките се зголемиле за над 380 милиони евра, информираат од Фондот за осигурување депозити.

На крајот на октомври оваа година граѓаните на банкарите им довериле вкупно 179,2 милијарди денари, или над 2,9 милијарди евра, што е за околу 380 милиони евра повеќе од една година претходно. Во структурата на депозитите, денарските средства полека се приближуваат до девизните. Така, ако пред една година соодносот меѓу денарските и девизните заштеди бил 41,3 наспроти 52,7 во корист на странските валути, сега учеството на денарите е зголемено на 47,3 отсто, додека девизни заштеди има 52,7 отсто, покажуваат податоците на Фондот за осигурување на депозитите.

Според директорката на Фондот, Нина Настева, и покрај кризата нивото на депозити и натаму се зголемува, иако во последно време со помала динамика од порано. Но, додава Настева, тоа се должи и на други фактори. Така, оваа година немаше исплати по основ на старите девизни заштеди, кои до октомври лани кога достаса последната обврзница за заробените девизи, државата годишно за оваа намена исплаќала по околу 3 милијарди денари, пари кои во најголем дел се задржувале во банките. Покрај тоа, вели Настева, треба да се има предвид дека пред 3-4 години каматните стапки на орочените средства достигнувале до 8 отсто годишно, а сега се преполовени, а со самата капитализација на каматите се зголемуваат заштедите на граѓаните.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik